Наша историја
Дел Кредере е една од првите приватни шпедиции во Македонија. Првата канцеларија беше отворена во царинскиот терминал Куманово во 1992 година, како друштво за меѓународна и внатршна шпедиција.
Уште од почетокот на формирањето, стратешките цели на Дел Кредере беа насочени кон континуиран раст и развој во дејноста. Како резултат на тоа, беа отворени испостави во Скопје (2001г.), на граничниот премин Богородица (2000г.), граничниот премин Табановце (1999г.) и на граничниот премин Деве Баир (2005г.). Со ова на Нашите клиенти им овозможивме завршување на царинските постапки на првите терминали за влез во Македонија од север, југ и исток.
Од 2010 година започнавме со нов проект локално царинење. Со ова на клиентите им овозможуваме стоката да им биде оцаринета до 24 часот, како и за време на викендите и празниците.
Организација / Мисија
Во рамките на шпедицијата се вработени триесетина искусни, лиценцирани шпедитери кои квалитетно ги извршуваат барањата на клиентите. Дел Кредере се залага за континуирано едуцирање на своите вработени по пат на разни семинари, курсеви и слично.
Нашиот професионален тим им е постојано на располагање на нашите клиенти. Даваме совети и упатства за правата и обврските поврзани со царинските прашања. Максимално се ангажираме за завршување на царинските формалности во најкус можен рок, сè со цел нашите клиенти побрзо да ја добијат на располагање сопствената роба.